Утрински Весник
Свет

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија

Orban.webp.webp

Украина нема да стане украинска колонија и Зеленски не командува во Украина, цврсто се изјасни унгарскиот премиер Виктор Орбан .

„Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука“, рече премиерот Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил.


Во видеото, премиерот потсети дека денес е 19-ти ден од украинската нафтена блокада. Според него, Зеленски продолжува да го затвора нафтоводот „Дружба“, и покрај тоа што знае дека е од витално значење за Унгарија и Словачка. Тој додаде дека унгарските експерти се во Киев со денови, но сè уште не им е дозволен пристап до локацијата.

„Ова е еднакво на признание“, смета  Орбан.

Истовремено, унгарскиот премиер го подвлече фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги укинува санкциите за руската нафта, додека Европа не го стори тоа, што доведе до нагло зголемување на цените на горивата на континентот.

Можете да прочитате

Шведскиот парламент ги изгласа контроверзните закони за „добро владеење“ и „задолжително пријавување“

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив