Утрински Весник
Скопје

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја” во Чаир

Cair.png

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, посочи дека покрај инфраструктурните инвестиции и проекти во општината, посебно внимание се посветува и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини.

Дрвјата кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза” нема да бидат изгубени, туку ќе бидат преместени и повторно засадени во новиот парк „Рилиндја” во Чаир, добивајќи нов живот во простор кој ќе им служи на граѓаните.


„Урбаниот развој треба да оди паралелно со заштитата на природата. Затоа дрвјата кои се наоѓаат на просторот на кампусот ќе бидат повторно засадени во паркот ‘Рилиндја’, каде што ќе продолжат да придонесуваат за зеленилото и квалитетот на живот во Чаир,” изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Во првата фаза ќе бидат повторно засадени околу 40 дрвја, додека процесот ќе продолжи и понатаму, со цел новиот парк да се проширува и да се зголемуваат зелените површини во општината.

Можете да прочитате

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ

Меџити: Улицата „Фаик Коница” во Дижон доби сосема нов лик