
Според министерот за внатрешни Панче Тошковски, Македонија и институциите покажале исклучителна исклучителна професионална подготвеност во справувањето со трагедијата во Кочани од 16 март.
„Покажавме дека државата и институциите, особено со докторите, медицинските сестри и здравствените работници, кога сме заедно, посветени, можеме да одговориме на секаков предизвик,” изјави Тошковски на меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти од пожарот во Кочани, која се одржува во Скопје.
Министерот истакна дека МВР покажа максимална професионална подготвеност во делот на транспортот и преземање на сите надлежности за се што беше потребно да се одговори на медицинските служби најбрзо што може.
Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и благодарност до сите што помогнаа во справувањето со трагедијата.
Тошковски особено го нагласи значењето на симулираната вежба за цивилна заштита која беше спроведена на 1 февруари 2025 година, само неколку месеци пред вистинската трагедија.
„На таква трагедија ретко која држава може да одговори максимално ефикасно, брзо и соодветно. Тоа беше ужасна трагедија и се надевам дека никогаш повторно нема да ни се случи нешто слично,” рече тој.
Вежбата на Кадино во Скопје вклучила МВР, Министерството за здравство, Црвениот крст и Противопожарната служба, и се сметала за исклучително корисна за подготовката на сите институции.
На денот на трагедијата, Министерството за внатрешни работи ангажирало околу 3.000 полициски службеници кои извршиле сите криминалистичко-оперативни активности и биле вклучени во спасување на човечки животи.
„Вкупно 115 повредени лица беа транспортирани до странски здравствени установи, каде полициските служби продолжија да обезбедуваат поддршка,” наведе Тошовски.


