Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Без работници нема држава, а нема ниту власт

Viber image 2026 03 14 12 34 05 263.jpg

-Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закакануват. Затоа што ги уценуваат со губење на нивните работни места, со распоредување и со закани за намалување на нивната плата. Но без оглед на тоа, не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак, порача на почетокот на протестот претседателот на ССМ, Слободан Трандафилов.

– Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собраненито, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата, дополни Трандафилов.


Протестот започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата. Одлуката за излегување на улица, како што информираше претходно Трендафилов, доаѓа по игнорирањето и неисполнувањето на синдикалните барања од страна на Владата и работодавачите. 

Можете да прочитате

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово