Утрински Весник
Економија

ДУИ бара линеарно зголемување на сите плати за 3.500 денари

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштение за јавност на ДУИ:

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети.


Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.

Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.

Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:

– Линеарно зголемување на платите за 3500 денари, почнувајќи од мартовските плати.
– Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
– Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.
– Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз.

Ова се изводливи мерки кои можат веднаш да се спроведат доколку постои институционална волја.

Граѓаните имаат потреба од брза реакција и економски политики кои ќе ги заштитат во време на криза. Институционалната тишина не е одговор на растот на цените.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра