Утрински Весник
Свет

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи

20260303214318 big 730x400 58.webp.webp

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, негираше дека Техеран поставува мини во Ормускиот Теснец, неколку дена откако САД соопштија дека погодиле пловила опремени за таква намена кои оперирале во близина на поморскиот канал.

– Некои земји веќе разговараа со нас за минување низ Теснецот и ние соработувавме со нив – изјави Тахт-Раванчи за АФП, пренесе Би-Би-Си.


Но, земјите кои се „приклучија на агресијата“ против Иран „не треба да имаат корист од безбедно поминување“, додаде тој, велејќи дека властите сакаат да се осигурат дека војната не може повторно да им биде „наметната“.

– Кога почна војната минатиот јуни, по 12 дена имаше таканаречен прекин на непријателствата … но по осум или девет месеци, тие се прегрупираа и го направија тоа повторно, рече тој.

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Над три милиони Иранци раселени од почетокот на војната