Утрински Весник
Македонија

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Usje.jpeg

Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции.

Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество, како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, сериозно ги сфаќа овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање.


Како одговорна и транспарента компанија, ТИТАН Усје работи согласно домашната регулатива и во своето работење ги применува најдобрите достапни практики во индустријата, кои важат и за компаниите од Европската унија.

Можете да прочитате

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

МВР поднесе кривична пријава против лице кое вербално го нападнало Мицкоски во Ташмаруништа

Марјан Патлиџанковски е годинешниот лауреат на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ