Утрински Весник
Македонија

Андоновски одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите

Image 2026 03 12 172735725.png

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На средбата беше нагласено дека Министерството внимателно ги следи реакциите и ставовите на дигиталните креатори и дека процесот на креирање политики во оваа област ќе се води преку транспарентни консултации со сите засегнати страни. Целта е да се обезбеди современа и балансирана регулатива која ќе го поддржи развојот на дигиталната економија и креативните индустрии, притоа почитувајќи ја во целост регулативата на ЕУ по ова прашање.


Учесниците се согласија дека е потребен отворен и инклузивен процес во кој инфлуенсерите, институциите и регулаторот заеднички ќе работат на унапредување на регулативата и создавање јасна правна рамка за дигиталните содржини. Во наредниот период ќе продолжат консултациите за разгледување на предлозите и забелешките на здруженијата на креатори на содржини и другите заинтересирани страни.

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на создавање дигитален екосистем кој поттикнува иновации, одговорност и доверба во онлајн просторот.

Можете да прочитате

Кога има пријави со месеци, а нема реакција – нешто стои зад тоа вели Гусар

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 

Владата организира ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност