Утрински Весник
Македонија

Валбон Лимани го патот „212″, најави работи во неколку различни населби

111.jpg

Градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани, денес заедно со својот тим го промовираше целосното реконструирање на улицата „212″ во населбата Малеарди.

„Денес излеговме да ја видиме реконструкцијата на улицата ‘212’ во должина од 400 метри. Направена е целосна реконструкција, а во некои сегменти, каде што имало можност, извршено е и проширување на улицата со цел поголема безбедност за граѓаните. Верувам дека овој проект значително ќе му помогне на овој дел од градот, но исто така ќе го растовари и булеварот ‘БраќаЃиновски’”, изјави Лимани.


Градоначалникот Валбон Лимани исто така најави дека Општина Гостивар ќе продолжи со инвестиции во патната инфраструктура и во други делови од градот, со цел подобрување на сообраќајот и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Агенцијата за иновации, научно – технолошко развој и претприемништво (ИНОВА) и Стопанската комора на С. Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Зајкова: За граѓаните сме тука, не за фотелји – дигитално гласање наместо техничка влада 

Тренчевска: Во 2018 година Мицкоски бараше техничката влада да остане до членство на ЕУ