Утрински Весник
Балкан

23 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

219897 421246 f.webp.webp

Денес се навршуваат 23 години откако Зоран Ѓинѓиќ, премиер, лидер на Демократската партија и водечка фигура на ДОС, беше убиен во близина на влезот во зградата на српската влада на улицата Немањина.

Тој се искачи на врвот на српскиот политички живот со промените на 5 октомври 2000 година, кога Слободан Милошевиќ ги загуби изборите, и стана шеф на владата на 25 јануари 2001 година.


Претходно, извршната власт во Србија имаше преоден облик, кабинетот на Миломир Миниќ, од 25 октомври 2000 до 25 јануари 2001 година.

По атентатот на Ѓинѓиќ српската држава спроведе масовна полициска акција „Сабја“ во која беа упасени стотина лица меѓу нив и припадници на спцијалната полициска единица предводена од Милорад Улемек – Легија кој беше осуден на казна затвор од 40 години.

Според наодите од истрагата, или поточно пресудата, Милорад Улемек Легија, кој беше осуден на 40 години затвор, му наредил на Звездан Јовановиќ, член на ЕСО, со која Легија претходно командувал, да го убие Ѓинѓиќ.

Можете да прочитате

Во изминатите 10 години во Србија  имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија

Предвремени избори на Косово, Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби во училиштата