Утрински Весник
Македонија

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

Img 9806.jpeg

Актерот Кирил Поп Христов – Кили почина вчера во Еквадор на 58-годишна возраст, потврдија за sdk.mk блиски пријатели на семејството.

Поп Христов се пресели да живее во Еквадор во 2014 година. Иако во изминатите години често престојуваше во Скопје, последната година и пол ја поминал во оваа јужноамериканска држава.


Тажната вест за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.

Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што оствари бројни значајни улоги на сцената. Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“, како и по настапите во театарските претстави „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и многу други.

Можете да прочитате

ВЛЕН: „One Stop Shop” со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи” авансот од Мицкоски

Денес среда, 17 јуни ново силно невреме ќе ја зафати Македонија