Утрински Весник
Македонија

Николоски: Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата

1000066198.jpg

Вицепремиерот Александар Николовски истакна дека главна тема на разговор со претставниците на Светската банка во Вашингтон била инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата.

,,Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност. Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата. Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани.” – објави вицепремиерот Николоски.


Можете да прочитате

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен