Утрински Весник
Македонија

Жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово

Pozarna.webp.webp

Повозрасна жена го загуби животот во пожар што утрово околу 08:30 часот избувна во семејна куќа во тетовската населба Вонвардарска.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, во моментот на несреќата жената била сама во домот, додека нејзиниот сопруг бил излезен. Пожарот бил локализиран, а по интервенцијата е забележано дека во внатрешноста има едно починато лице.


-Имаме една жртва за жал внатре во куќата. Пожарникарите отишле таму со три камиони и со осум пожарникари интервениравме. Човекот што бил со неа, бил надвор од куќата, немало некој друг што може да го забележи тоа. Комшиите што живеат околу нив, забележиле дека има чад и викнале противпожарна единица, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

По интервенцијата на пожарникарите почнат е увид од полицијата и обвинителството за утврдување на деталите околу пожарот.

Можете да прочитате

Трендафилов: Голем протест за зголемување на платите на 14 март во Скопје

Велешанец пронајден починат во својот дом

СДСМ: Вистинските потреби се платите на граѓаните на Македонија е не дали соседите ќе дојдат да точат гориво