Утрински Весник
Македонија

Одржано редовно годишно собрание на МАНУ

Manu.webp.webp

Денеска во Свечената сала на МАНУ, се одржа Редовното годишно собрание на МАНУ, во чии рамки, традиционално, се дава отчет за сработеното и се донесуваат базичните документи за работа на МАНУ.

На седницата, акад. Живко Попов, претседател на МАНУ, поднесе опсежно и содржајно експозе во духот на актуелниот институционален и општествен контекст, а акад. Александар Димовски, секретар на МАНУ, имаше јасно структурирано и аргументирано излагање за финансискиот извештај на МАНУ за 2025 година и за финансиските планови на МАНУ во 2026 година.


На седницата беа донесени: Програмата за работа на Македонската академија на науките и уметностите во 2026 година, годишните сметки на МАНУ за 2025 година по одделни сметки и финансиските планови на МАНУ за 2026 година по одделни сметки, а беше усвоен и Извештајот за работата на Македонската академија на науките и уметностите во 2025 година.

Редовното годишно собрание и оваа година беше проследено со голем интерес од владините претставници, претставниците на локалната самоуправа, верските претставници, претставниците на дипломатскиот кор и од претставници од научноистражувачката и уметничката сфера, како и од пошироката јавност, со што повторно може да се констатира дека дејствувањето на најистакнатата и највисока стожерна институција во научната и уметничката сфера, од посебно општествено значење за Републиката, и понатаму останува во фокусот на општествените случувања.

Можете да прочитате

Енергетската транзиција забрзува: Средба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Бран на семејно насилство, приведени пет лица во неколку градови

Нападнати медицински лица во Скопје, пациент се заканувал и кршел инвентар