Утрински Весник
Скопје

Започна реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“во Аеродром

Rekonstrukczija na javnite peshachki povrshini kaj tcz tri biseri 6.jpg

Општина Аеродром започна со реализација на уште еден значаен и капитален инфраструктурен проект – целосна реконструкција на пешачките површини кај ТЦ „Три бисери“, простор што секојдневно го користат голем број наши сограѓани.

Со овој проект ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај бул. „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11.

При тоа, старите и дотраени павер-елементи се заменуваат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од Аеродром ќе добие модерен и уреден изглед. По неколку децении, конечно се создаваат услови за поголема безбедност и поквалитетен јавен простор за жителите, но и за сите посетители на трговскиот центар.


Инвестицијата во вредност од 17,2 милиони денари се реализира со поддршка од Владата и претставува уште еден чекор кон системско подобрување на инфраструктурата и урбаниот изглед на нашата општина.

Продолжуваме посветено да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието на граѓаните и го разубавуваат Аеродром.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Левица повторно се избламира, барам јавно извинување 

Левица: Орце Ѓорѓиевски додели тендер од еден милион евра на бизнисменкој ДПМНЕ го обвинуваше дека е градежна мафија и го бетонизира Влае

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода