Утрински Весник
Скопје

Левица: Орце Ѓорѓиевски додели тендер од еден милион евра на бизнисменкој ДПМНЕ го обвинуваше дека е градежна мафија и го бетонизира Влае

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Левица објавува нов скандал на власта на ДПМНЕ, кој ја продолжува низата на делење тендери на контроверзни компании, кои во минатото партијата на Мицкоски ги обвинуваше за криминал и корупција. Имено, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тендерот за зимско одржување на улиците (во вредност од еден милион евра)  го додели на фирмата ,,Нексос Инженеринг”, каде сопственик е добро познатиот Јонче Спиркоски.


Спиркоски во минатото стана познат во јавноста со неговата фирма ,,Аполо Инженеринг”, за која токму ДПМНЕ на прес-конференции обвинуваше за сериозен криминал со спорните високатници кои требаше да се градат во населба Влае. Како Орце Ѓорѓиевски сега дели милионски тендер на бизнисмен за кој неговата партија обвинуваше дека е дел од градежната мафија која сака да го бетонизира Влае?!

За контроверзниот ДУП во Влае и бизнисменот Јонче Спирковски, медиумите претходно објавуваа дека фирмата на Спирковски извршила скандалозна приватизација на улицата ,,Есперанто”, каде успеала да приватизира 153 квадратни метри по цена од само 285 денари за метар квадратен!

Ѓорѓиевски и ДПМНЕ – кои во минатото обвинуваа дека преку тендерот за зимско одржување на улици се врши грабеж на граѓаните – сега овој “бонбона бизнис” го дели на бизнисмен кој го обвинуваа за коруптивни шеми и криминални зделки. Како и за сите претходни тендери кои институциите на ДПМНЕ ги поделија на фирми кои ги обвинуваа за криминал, очекуваме и Ѓорѓиевски да излезе со познатите флоскули дека “тендерот е спроведен согласно законите”. Очигледно е дека криминалните тендери и шеми за провизии ги продолжи партијата на Мицкоски онаму каде што застана претходната власт на СДС.

И после две години власт, ниту еден од криминалните скандали за кој ДПМНЕ обвинуваше во опозиција не е разоткриен и нема одговорност, затоа што истите криминални шеми и коруптивни практики со контроверзни фирми ги продолжи и криминогената власт на Мицкоски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Левица повторно се избламира, барам јавно извинување 

Започна реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“во Аеродром

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода