Утрински Весник
Македонија

За пет часа 37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица

Policija.jpg

Вчера (10.03.2026) во периодот од 09.00 до 14.00 часот, на подрачја на повеќе Сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила.

При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 12 мерки се однесуваат на возачи на товарни моторни возила поради претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка за задолжителна опрема во возило, една мерка за технички неисправно возило и 10 мерки за останати сообраќајни прекршоци. Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.


За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

Вејсели: Цените растат, ДУИ со предлог мерки за заштита на семејствата