Утрински Весник
Македонија

Средба Минчев – Чучуљ, тема јакнење на интегритетот во јавната администрација

Img 5952.jpeg

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев  оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на која се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на јакнење на интегритетот во јавната администрација.

Фокус на средбата беше ставен на развој и спроведување на едукативни активности и обуки за јавните службеници, насочени кон зајакнување на интегритетот и професионалното постапување во институциите. Целта на овие активности е унапредување на превентивните механизми, како и намалување и спречување на корупцијата во јавната администрација преку подигнување на свеста, знаењето и одговорноста на јавните службеници.


На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на соработката меѓу двете институции, која во наредниот период ќе биде дополнително формализирана преку потпишување на меморандум за соработка.

Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на професионалноста, транспарентноста и интегритетот во јавниот сектор, преку координирани активности, обуки и иницијативи кои придонесуваат за поефикасна, отчетна, одговорна и модерна јавна администрација.

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи исчезна од Владата, па се јави од Тајланд

Николоски и Трајановски доцна вечерва на терен: Од утре ја пуштаме во употреба клучка Требениште на автопатот Охрид – Кичево 

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација