Утрински Весник
Свет

Иран со проектил кон Турција: НАТО го собори, Анкара предупредува на одговор

20260307175254 big 730x400 19.webp.webp

Воздушните одбранбени системи на НАТО во источниот Медитеран соборија втор балистички проектил испукан од Иран, кој влегол во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.

Според информациите, проектилот бил пресретнат од сојузничките системи за противракетна одбрана, со што е спречена поголема опасност за територијата на Турција и за воените објекти на НАТО во регионот.


Министерството информира дека делови од соборената муниција паднале на територијата на југоисточната турска провинција Газијантеп, но дека во инцидентот нема повредени лица ниту материјална штета.

Ова е втор балистички проектил испукан од Иран кон цели поврзани со НАТО во Турција во последната недела, што дополнително ги зголемува безбедносните тензии во регионот.

Од турското Министерство за одбрана порачаа дека внимателно ја следат ситуацијата и предупредија дека Анкара ќе преземе „неопходни чекори без одлагање“ доколку се повтори ваков инцидент.

Воедно, турските власти ги повикаа сите страни да ги почитуваат предупредувањата на Анкара и да избегнат дополнителна ескалација што би можела да ја загрози безбедноста во регионот.

Можете да прочитате

Иранска државна ТВ: Моџтаба Хамнеи е ранет во војната

Рубио: Целта на САД во Иран е да ја ослабне способноста на земјата да ги загрози регионот и глобалната безбедност 

Иранската револуционерна гарда му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи