Утрински Весник
Свет

Фрлена бомба врз синагога во Белгија

Belgijapolice.jpg

Синагога во белгискиот град Лиеж е оштетена од експлозија што се случи рано наутро во понеделник, објавија белгиските телевизиски куќи VRT и RTBF, повикувајќи се на локалната полиција. Нема повредени.

Експлозијата, која се случила околу 4 часот наутро по локално време (03:00 GMT), ги искршила прозорците на синагогата, како и на зградата преку улицата.


Властите ја блокираа областа, а специјализиран тим за борба против тероризмот го истражува инцидентот.

Градоначалникот на Лиеж, Вили Демејер, го опиша нападот како „екстремно насилен чин на антисемитизам“ во коментари за RTBF. Полицијата сè уште не ја откри причината за експлозијата.

Можете да прочитате

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба

Речиси два милиони евра приходи за Кипар од царината за мали пратки од трети земји