Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Дачиќ наскоро ќе биде пуштен од болница

Dacich.jpg

Здравствената состојба на вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е добра, тој се опоравува и наскоро ќе биде отпуштен од болница, објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ивица е во навистина добра состојба, се опоравува и наскоро ќе биде отпуштен од болница“, рече Вучиќ денес, зборувајќи за националната стратегија „Србија 2030-2035“ .


Тој вели дека се шегувал со Дачиќ и му рекол дека лекувањето во странство ќе го чини петгодишна плата.

„Разговарав со него и пресметав колку би чинело неговото лекување во странство – пет години од неговата висока плата, пет години од неговата одлична работа не можат да платат само за ова време што го помина во болница“, рече Вучиќ.

Ивица Дачиќ беше примен на лекување на 25 февруари со тешка билатерална пневмонија и помина неколку дена на интензивна нега, поврзан на респиратор.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31