Утрински Весник
Македонија

Автомобил излетал од патот, двајца повредени

Soobrakajka.jpg

На 07.03.2026 во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на с.Велмевци, демирхисарско, патничко возило  „мини купер ” со битолски регистарските ознаки, управувано од М.Д.(25) од Битола, излетало од патот. Во незгодата, возачот и сопатникот Х.Н.(21) од Битола се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Битолаза укажување лекарска помош.

Додека, при преземање службени дејствија, полициските службеници констатирале дека возачот М.Д. го управувал  возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени  1,66 промили алкохол во крвта. Увид бил извршен.


Можете да прочитате

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Осумдневен притвор за Стојанче осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство