Утрински Весник
Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

Утре на меѓународниот ден на жената со почеток во 12:00 часот, поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената, кој ќе се одвива со траса на движење од пред парк Жена Борец на ул.„11 Октомври“, во продолжение по ул.„Димитрија Чуповски“, десно по ул.„Даме Груев“, во продолжение по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“, десно по бул.„Климент Охридски“, лево по ул.„Ристо Шишков“, десно по ул.„Благоја Страчков“, десно по ул.„Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и завршува кај  парк и спомен плочата во чест на „Вера Јоциќ“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.


Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост