Утрински Весник
Свет

Израел вели дека Хезболах испалил 70 ракети на израелска територија

20260306184906 big 730x400 96.webp.webp

Израел соопшти дека либанското шиитско движење Хезболах денеска испалило 70 ракети на израелска територија.

„Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани“ кон Израел, а од денеска „околу 70 ракети беа испукани“ кон израелска територија, изјави портпаролот на израелската армија Надав Шошани.


Од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење на 2 март, „извршивме 26 бранови напади, во кои нападнавме повеќе од 500 цели во Либан и елиминиравме повеќе од 70 терористи на Хезболах“, објасни израелскиот портпарол.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон