Утрински Весник
Македонија

Водата во Струга безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната

Voda.webp.webp

Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга.

Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на анализата на примероците од водата од изворот „Шум“ во последните денови.


 – Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Охрид, извршени на примероци од водата во водоводниот систем на градот, водата во Струга е безбедна за пиење, соопшти Општина Струга.

Анализите на Центарот за јавно здравје и Охрид од земените мостри денеска од изворот „Шум“ и неколку мерни места во градот покажуват матност во дозволените граници, односно 1,11 од извориштето и околу 0,80  во градот, од дозволени 1,5 матност.

Оттаму информираа дека ќе продолжат со земање мостри секој ден поради варирање на вредностите.

Водата од градскиот водовод од кој се снабдува Струга и околните села со чиста вода за пиење беше забранте за употреба скоро еден месец поради високо ниво на матност во изворот „Шум“ . 

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити