Утрински Весник
Скопје

Меџити: Образованието останува приоритет за Општина Чаир

Img 0089.jpeg

По повод 7 Март – Денот на учителот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во просториите на Општина Чаир пречека претставници од образованието и пензионирани просветни работници, при што беа доделени признанија за истакнати наставници и за нивниот долгогодишен придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации.

„Учителите се темелот на секое здраво општество и секој успех на младите генерации е резултат на нивната посветеност и работа. Затоа образованието останува постојан приоритет за Општина Чаир,” истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.


Општина Чаир продолжува со инвестиции во образованието преку опремување на училиштата, реновирање на постојните објекти и изградба на две модерни училишта „Мидхат Фрашери” и „Victory”, кои значително ќе ги подобрат условите за учениците и наставниците.

На крајот од настанот, градоначалникот Меџити им го честиташе 7 Март – Денот на учителот на сите наставници, изразувајќи длабока благодарност за нивната посветеност, работа и значајниот придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации.

Можете да прочитате

Камениот мост ќе заблеска во ново светло

Обновени се спортските терени на кејот на Вардар

ВЛЕН: Уште еден модерен базен за Чаир, инвестиција од еден милион евра