Утрински Весник
Економија

На дел од бензинските пумпи не се точи дизел гориво

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Синоќа и утрово дел од бензинските пумпи не точат дизел гориво.

Екипа на 24инфо.мк и самата направи мала обиколка на неколку бензински пумпи низ Скопје.


На две бензински пумпи на „Макпетрол“ од страна на вработените беше кажано дека немаат дизел гориво, а на прашњето дали ќе стигне наскоро не дадоа одговор.

За разлика од „Макпетрол“, на „Лукоил“ се точи и дизел гориво како и останатите видови на гориво, а вработените уверуваат „дека не може да снема“.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски кажа дека во државата има доволно од сите видови горива упатувајќи апел да не се создава паника.

Во меѓувреме, доста граѓани на социјалните мрежи се жалат дека тешко наоѓаат дизел гориво за да ги наполнат своите резеорвари.

Можете да прочитате

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Енергија, инфраструктура и високи технологии: новата агенда на македонско-американското партнерство