Утрински Весник
Свет

Турција го осуди иранскиот напад со беспилотни летала врз аеродромот во Азербејџан

Turcija.webp.webp

Турција денеска го осуди иранскиот напад со дронови врз патничкиот терминал на аеродромот Рази во азербејџанскиот Нахчиван.

„Силно ги осудуваме нападите со дронови извршени денеска врз Автономната Република Нахчиван, објави 4news.mk Повторно нагласуваме дека нападите кои таргетираат трети страни во регионот и го зголемуваат ризикот од проширување на војната мора веднаш да престанат. Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан, како и секогаш“, се наведува во соопштението на Министерство за надворешни работи на Турција.


Министрите за надворешни работи на Турција и на Азербејџан претходно денеска телефонски разговараа за нападот.

Азербејџан денеска одржа седница на Советот за безбедност, со која претседаваше претседателот на државата Илхам Алиев, соопшти канцеларијата на претседателот.

„Иран изврши терористички чин против територијата на Азербејџан и државата Азербејџан. Територијата на Автономната Република Нахчиван беше нападната од беспилотни летала лансирани од Иран. Цели на нападот беа цивилни објекти, вклучително и Меѓународниот аеродром Нахчиван и неговиот терминал, училиште и други цивилни локации, кои Иран подмолно ги погоди… Иранската страна мора да даде официјално објаснување до Азербејџан, да се извини и да обезбеди сторителите да сносат кривична одговорност“, изјави Алиев на седницата.

Тој додаде дека иранскиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи и дека ќе му биде врачена протестна нота, како и дека ќе следат „дополнителни дипломатски мерки“.

Можете да прочитате

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

Трамп бара Нетанјаху да биде помилуван