Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел

Photo 2026 03 05 18 49 17.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека попладнево успешно е завршен процесот на евакуација на сите македонски државјани од Израел кои изразиле подготвеност за тоа.

„Министерството целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје”, напиша министерот Муцунски на Фејсбук.


Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции.

Тој информираше и дека е финализирана постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне со реализација на летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка”, заклучи министерот во објавата.

Можете да прочитате

МНТ со „Кец на десетка“  ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето