Утрински Весник
Македонија

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ

20260305141348 big 730x400 65.webp.webp

Последните анализи направени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале дека водата за пиење во Струга не е исправна.

-Имаше отстапување на еден од параметрите, тоа е параметарот за матност и по однос на него, согласно правилниците, во тој примерок што го анализиравме, водата не беше исправна, рече денеска на прес-конференција директорката на Институтот, Марија Андоновска.


Одговорајќи на новинарски прашања, Андоновска истакна дека испитувањата на примероците од водата во Струга биле едни од последните што ги направил деновиве Институтот, а резултатите се испратени до соодветните институциите и за ова се информирани Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење