Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Акробати, танчери и улични перформанси во Центар, јавен повик за Светскиот ден на уметноста

J.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста”.

Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки  ќе создадат уште една центарска приказна.


„Ги повикувам сите заинтересирани  да се пријават и да предложат програма што ќе ја доближи уметноста до граѓаните и ќе создаде уште една убава центарска приказна”, порача Герасимовски.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавување на повикот на веб-страницата, а пријавите може да се достават по пошта или во Архива на Општина Центар.

Деталите се достапни на  https://www.centar.gov.mk/za-gragjanite/povici/javni-povici

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост