Утрински Весник
Македонија

Судот ги ослободи Латас и Лазаров за спорниот подкаст во кој се смееа на силување, обвинителството најави жалба

Latas i lazarov intervju 2000x1114 1.jpg

Кривичниот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров во случајот поврзан со контроверзниот подкаст во кој низ смеа се раскажуваше за наводен настан поврзан со злоставување и силување на девојка пишува сдк.мк.

Спорниот подкаст беше емитуван на 14 февруари 2023 година. Во разговорот Латас говореше за наводен настан од минатото, додека водителот Лазаров со коментари го поттикнуваше разговорот да продолжи. Содржината предизвика бурни реакции во јавноста, по што подкастот беше отстранет од платформата Јутјуб.


Основното јавно обвинителство Скопје против двајцата поднесе обвинение за кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, наведувајќи дека преку изнесената содржина се промовира насилство врз жени.

Во првичната судска постапка беше изречена осудителна пресуда, но Апелациониот суд Скопје ја укина и предметот го врати на повторно судење. Во повторената постапка, судот донел ослободителна пресуда за двајцата обвинети.

Обвинителот Даниел Коцев најавил дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд, пренесува СДК.мк.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста уште од моментот на објавувањето на подкастот. Граѓански организации и медиумски здруженија тогаш остро реагираа, оценувајќи дека ваквите содржини можат да придонесат за нормализирање на родово базираното насилство и за создавање негативни општествени пораки.

Можете да прочитате

Се вештачат три мобилни телефони, се анализираат снимки – ОЈО бара продолжување на притворот за Стојанче Јовановски!

Лимани ја промовираше целосната реконструкукција на улицата Борче Јовановски 

(Фото) Сообраќајна несреќа на патот кон Косово предизвика застој