Утрински Весник
Македонија

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17

677z381 677z381 677z381 Australija Nevreme R0f5wjeg0dahn9fqbpyke0n97x5en9w326p7da0pls.jpg

Утринава во земјава се измерени температури од 0 до 7 степени. Најниска температура од 0 степени е измерена во Берово, 1 степен во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 во Струмица, 4 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови, 5 во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 6 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, како и 7 степени во Скопје – Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 72 сантиметри.


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Можете да прочитате

Националниот ансамбл „Танец“ најавува Велигденски концерт во МНТ

Судот ги ослободи Латас и Лазаров за спорниот подкаст во кој се смееа на силување, обвинителството најави жалба

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година