Утрински Весник
Македонија

Претежно облачно со слаб локален дожд

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.


За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец. 

Можете да прочитате

ДУИ: ВЛЕН стана синоним за потчинетост – дури и Максим Димитриевски им поставува ултиматуми, а тие молчат

Уапсено едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога

Македонски туристи останаа без регистарски таблички во Грција