Утрински Весник
Економија

Дуршими: Постои ризик цените во земјава да се зголемат

Besar durmishi 1.jpg

Министерот за економија изјави дека постои ризик цените кај нас да се зголемат. Потврди дека Владата секојдневно ја следи состојбата на Блискиот исток и дека ќе реагираат ако има последици. Напомена и дека според меѓународните анализи цените се уште се стабилни.

„Постои ваков ризик да може да се зголемуваат цените. Секојдневно ја мониторираме ситуацијата. Ние како министерство за економија и труд значи работиме во насока да имаме стабилен пазар, да ги заштитиме правата на работниците, да го помагаме стопанството, а во делот на Владата значи ако се случува да предизвикува вакви ризици, ќе бидеме таму, транспарентно ќе донесеме одлуки“, порача Бесар Дурмиши.


Владата очекува конфликтот на Блискиот исток да заврши брзо и се надева дека не не чека уште една криза и инфлаторен шок. Министерката за финансии, Кочоска вчера изјави дека доколку другите министерства побараат Владата ќе одлучува дали ќе се прогласи кризна состојба.

„На дневна основа се следи. Ќе видиме какви ќе бидат состојбите понатаму. Знаете вие и во самите закони има предвидено во кои услови и кога може да има одредени промени. Така што ќе видиме како ќе се одвива состојбата, соодветно на тоа ќе реагираме“, вели Гордана Димитриеска Кочоска.

Од Министерството за енергетика тврдат дека во случај да дојде до недостаток во снабдувањето, домашните нафтени резерви се стабилни и ќе се користат со владина одлука за прогласување енергетска криза.

Во случај на прогласување на кризна состојба на владата и стојат на располагање повеќе механизми. Агенцијата за нафтени резерви има законска обврска да обезбеди количини за непречено работење на економијата за 60 до 90 дена. Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. А можат да се носат и мерки како за заштита на граѓаните од високите цени, така и за погодените бизниси.

Можете да прочитате

Советот на Народната банка ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2025 година

Енергенсите може да поскапат 24 проценти поради војната во Иран

Битиќи: Граѓаните се соочуваат со раст на цените и инфлацијата