Утрински Весник
Македонија

Во тек е постапка за јавна набавка за чартер-летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Mnr.webp.webp

Започната е постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови за евакуација на македонските државјани, кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Имајќи ги предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе во согласност со Законот за јавните набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга предвидени се средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ – информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.


Можете да прочитате

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди во интерес на заедницата

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села

ВЛЕН: Граѓаните имаат право да знаат дали јавниот интерес бил жртвуван за бизнис и партиски интереси на ДУИ