Утрински Весник
Македонија

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане

20260210142000 big 730x400 54.webp.webp

Денеска се врши ексхумација на уште една повозрасна жена за која ЈОРСМ има сомнеж дека е жртва на дваесет и петгодишниот овчар од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство, соопшти денеска обвинителството. Инаку, како што информираа од казнено-поправната установа Куманово (затвор К’шање), Т.Б. денеска е спроведен на Клиника за психијатриско вештачење.

-По наредба на судија на претходна постапка, осомничениот Т.Б. денеска е спроведен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Психијатрија за психијатриско вештачење. По завршувањето ќе биде вратен во КПУ Затвор Куманово на издржување мерка притвор – изјави директорот на установата, Оливер Цветковски.


На вчерашниот брифинг со новинарите ЈОРСМ соопшти дека истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство. Засега има докази за две убиства, како и за еден обид за убиство, а ДНК анализата ги поврзува случаите со осомничениот Т.Б. кој работел како овчар. Претходно беше извршена ексхумација и обдукција на помлада жена.

Од обвинителството информираа и дека се издадени наредби до МВР да ги достават сите претходни пријави и поплаки за осомничениот, врз основа на кои ќе се утврди дали имало пропусти во постапувањето.

-МВР доби наредба да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци, сите можни настани врз основа на кои ние понатаму ќе утврдуваме што е пријавено, кој постапил, кој не постапил – нагласија од обвинителството.

Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираа претходно од СВР Куманово, биле поднесени и кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.

Можете да прочитате

Судот одреди притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Пошумување на опожарена површина на Голак