Утрински Весник
Скопје

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Viber image 2026 03 01 21 59 50 470.jpg

Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, информираат од претпријатието

Отстранети се и  2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад  – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.


Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

1. Општина Чаир – 54 записници

2. Општина Карпош – 18 записници

3. Општина Аеродром – 11 записници

4. Општина Центар – 9 записници

4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници

5. Општина Гази Баба – 2 записника

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје