Утрински Весник
Економија

Поскапуваат бензините – 24info.mk

Goriva.jpg

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто.

Според пресметките на Комисијата, референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај бензините од 2,977 проценти, кај дизелот од 0,464 проценти, кај екстра лесното масло од 0,370 проценти, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 3,965 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот, во периодот на пресметка, е понизок за 0,1035 проценти.


Од полноќ максималните цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 денар за литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,00 денари за литар
Мазут М-1 НС – 35,542 денари за килограм

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 денари по килограм.

Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени, при што трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од утврдените највисоки износи.

Можете да прочитате

МФ: Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Поскапеа дел од цигарите – 24info.mk