
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија.
Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара?
Од сите информации кои досега се достапни јасно е дека станува збор за високо организирана криминална група која не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позииции во власта.
Медиумската магла којашто власта се обиде да се пласира со лажна кампања после оваа акција, за пренасочување на вниманието на претходни влади се расчити.
Кампања со обиди да се вмеша СДСМ и опозицијата за да се амнестира актуелната власт не успеа.
Сега е време за одговорност во врвот на актуелната власт.
Кои се трите клучните аспекти за одговорност за овој нарко скандал?
1. Околината на Свети Николе се јавува како клучна точка каде што се правел претовар на дрогата.
Од фабриката на кругот на ОХИС “Алфафарм” дрогата била натоварена и транспортирана до Свети Николе. Внимавајте, без полициска придржуба како што налагата законите.
Кој ова го дозволил е првото клучно прашање? Зошто не е правена конрола во фабриката?
Оваа фирма, која работи во просториите на ОХИС, е основана во мај 2024, во време на ВМРО. Дрогата била свежа, одгледана во време на актуелната власт. А пакувањето во кругот на Охрис започнало во средината на декември 2025 година.
Од втора фабрика, Грин лајф имало исто така пратка со дрога.
Сите овие пратки ја поминале слободно половина Македонија.
На 65 илјади камери, на патроли, контроли никој ништо не проверил. Случајно?
Значи одговорни во македонската полиција и безбедносните служби мора да бидат први кои ќе бидат опфатени со барањето одговорност.
Одиме понатаму.
2. Дрогата била препекувана како перници и на тој начин се пренесувала преку македонската граница.
На толку скенери, контроли, никој ништо не презел. Случајно?
Значи одоворни во македонската царина исто така мора да бидат опфатени со барањето поврзаност.
3. Конечо, целата пратка од 5 тони завршила во магацин на локални функционери на СНС во Србија, сестринска партија на ВМРО.
Бил близок со српскиот министер за одбрана Гашиќ и изјавил дека станува збор „за државна работа”.
Ова е третиот аспект на поврзаност со блиска политичка структура во двете земји.
Што правиме сега Мицкоски?
Пак дефокус со Харис Џиновиќ, Дубаи ил имате нови идеи?
СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка.
Не може да има уапсени се магационери, превозници и сопственици на фирми, а главните организатори на овој шверц да се кријат.
Кој од власта ќе одговара?

