Утрински Весник
Македонија

Одземени две возила во Охрид и Струга, ги управувале малолетници, следуваат пријави

Policija 1.webp.webp

На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска” и „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 02.03.2026 во 01:15 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ”, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучија патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител со малолетникот е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.


Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето, храброста и визијата ги надминуваат границите

Телеком: 10 GB бесплатен интернет за корисниците на Блискиот Исток

Недоразбирање во сообраќајот заврши со убодни рани