Утрински Весник
Македонија

Од денеска започнува враќањето на личните предмети од трагичниот пожар во „Пулс“

Ovr kocani.webp.webp

Одделението за внатреши работи Кочани информира дека врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16 март 2025 година, од денеска (02.03.2026 година) започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.

– Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 (понеделник) до 06.03.2026 (петок), во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12. Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот, а кои им припаѓаат на повредените и на починатите лица – информира ОВР Кочани.


Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, наведуваат од ОВР Кочани.

Можете да прочитате

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер

Во Чаир oд возило во движење испукани неколку куршуми

Скандал во МВР: Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер и превезувал функционери