Утрински Весник
Свет

Иран го нападна нафтениот центар на „Арамко“ во Рас Танура во Саудиска Арабија

20260302094628 big 730x400 50.webp.webp

Според првите извештаи, Иран со дронови „Шахед“ го нападнале објектот „Арамко“ во Рас Танура, во саудиска Арабија, локација за која се вели дека е еден од најголемите нафтени чворишта во светот.

Недолго потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престанала да работи, објавува „Скај њуз Арабија“.


Работниците во фабриките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.

Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.

Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура може да има сериозни последици за глобалниот пазар.

Можете да прочитате

Иран тврди дека во американско-израелските напади погодена е нуклеарната постројка во Натанц

ИРГК: Иран изврши целен напад врз израелски владин кампус

Неколку илјади граѓани на ЕУ сè уште се во Иран, многумина не сакаат да заминат