Утрински Весник
Свет

Иран тврди дека го нападнал американскиот носач „Линколн“

7567b902 d0df 495f a2db 705fc073be29.webp.webp

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека го нападнала американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ со четири балистички ракети, објавија иранските државни медиуми. Тоа е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во американската морнарица.

Носачот на авиони „Абрахам Линколн“ е дом на најновите борбени авиони „Ф-35“ со скриена технологија, способни да ги избегнуваат непријателските радари. Неговата ударна група се состои од три разурнувачи опремени со крстосувачки ракети „Томахавк“ за напади врз копнени цели, а обично е придружена од подморница на нуклеарен погон со истото вооружување.


Според сателитските снимки потврдени од BBC Verify, носачот на авиони последен пат бил забележан на 15 февруари покрај брегот на Оман.

САД сè уште не одговорија на иранските тврдења.

Можете да прочитате

(Видео) Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран

Иранска револуционерна гарда: Убивме и ранивме 560 американски војници

Пукање во Тексас, убиени три лица, застрелан и напаѓачот