Утрински Весник
Свет

Демонстранти ја нападнаа амбасадата на САД во Багдад

Tel aviv napad 6.jpg

Стотици демонстранти утрово се обидоа да го заземат силно обезбедуваниот комплекс во кој се наоѓа американската амбасада во Багдад.

„Нивните напори досега не успеаја, но тие продолжуваат да се обидуваат“, изјави за АФП извор од ирачките безбедносни сили.


Демонстрантите, од кои некои мавтаа со знамиња на проиранските милиции, фрлаа камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец, изјави новинар на АФП на местото на настанот. Ирачките медиуми објавија други демонстрации во претежно шиитскиот јужен дел од земјата.

Вооружените ирачки движења поддржани од Иран во саботата изјавија дека нема да останат „неутрални“, туку дека ќе дејствуваат за да ја одбранат Исламската Република. Катаиб Хезболах, една од најмоќните меѓу овие фракции, изјави дека ќе нападне американски бази како одмазда за смртта, вчера во сабота, на двајца нејзини борци во воздушните напади во јужен Ирак, пренесува Тајмс оф Израел.

Во раните утрински часови, на аеродромот во Ербил, каде што се сместени силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, во автономниот регион Ирачки Курдистан, се слушнаа гласни експлозии, јави дописник на АФП. Тој додаде дека видел густ чад како се издига од областа на аеродромот.

Кратко време подоцна, мала фракција блиска до Иран ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала врз американските трупи во Ербил.

Можете да прочитате

Воздушен напад врз облакодер во Дубаи

Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар – прв ирански ракетен напад врз Европа

Нетанјаху најавува илјадници напади врз „терористичкиот режим“