Утрински Весник
Свет

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето: „Другата опција е смрт“

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили на Иран, да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“. Трамп рече дека САД започнале „големи борбени операции“ во Иран, предупредувајќи дека може да има американски жртви.

Нападите, за кои Трамп тврди дека имаат за цел уништување на иранските ракети и нивната морнарица, следеа по повторените предупредувања од САД и Израел дека повторно ќе го нападнат Иран доколку земјата продолжи со своите нуклеарни и балистички ракетни програми.


„Не ја давам оваа изјава лесно. Иранскиот режим сака да убива“, рече Трамп во видео споделено на неговата социјална мрежа Truth Social. „Животите на храбрите американски херои може да бидат изгубени и може да има жртви што се вообичаени во војната, но ние го правиме тоа, не засега. Го правиме тоа за иднината и тоа е благородна мисија“, рече Трамп.

Вашингтон и Техеран во последните недели одржаа серија разговори за нуклеарните амбиции на Иран. Последниот се одржа завчера без договор.

„Иран одби, исто како што тоа го правеше со децении и децении. Тие одбија секоја можност да се откажат од своите нуклеарни амбиции и ние повеќе не можеме да го поднесеме тоа“, истакна Трамп.

Можете да прочитате

Палатата на иранскиот лидер целосно уништена по воздушните напади

Едно лице загина во ОАЕ по пресретната иранска ракета

Велика Британија: Не учествуваме во нападите врз Иран