Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заложници на криминалот, затоа молчеа на седницата за пратенички прашања а на Груби името не му го спомнаа

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби.


Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување.

Дали стравот од можните искази на Груби и информации што би можеле да излезат на виделина е причината за паниката во редовите на СДС? Дали поранешни функционери се загрижени од можноста да се отвори прашањето за нивната одговорност?

СДС неколку дена се расфрлаа со десетици различни тези во јавноста за случајот со Груби и со сите сили се обидоа да го заштитат Груби, дури повеќе од што го штитат и Заев и Филипче а потоа на собраниска седница молк по однос на тоа прашање.

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени?

Наместо молк и политички калкулации потребни се транспарентност и одговорност. Секој кој сторил криминал мора да одговара. Владеење на правото и правдата мора да има а институциите да профункционираат

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Уапсен дилер од Кавадарци – 24info.mk

Со месеци не функционира Агенцијата за слободен пристап до информации