Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Побаравме решенија за македонските возачи и транспортниот сектор при имплементацијата на новите ЕУ системи

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија оствари средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Magnus Brunner.

Муцунски го истакна континуираниот ангажман во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата, како и посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во насока на целосно усогласување со европските стандарди.


„Разговаравме за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, како и за имплементацијата на Системот за влез/излез на ЕУ.

Посочив на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалните возачи и транспортниот сектор и ја нагласив важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со Европската комисија и земјите членки“, истакна Муцунски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол