Утрински Весник
Скопје

Титан Усје: Работиме целосно во согласност со сите важечки закони

Titan usje 70 logo scaled.jpg

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, брани, патна и јавна инфраструктура. Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје.

Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, ги сфаќа сериозно овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање.


Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити.

Како членка на Групацијата ТИТАН, се придржуваме до најдобрите меѓународно признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи ја нашата долгорочна посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување. Во текот на изминатите петнаесет години, инвестиравме повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и напредни еколошки технологии, а дополнителни 3 милиони евра се планираат до 2029 година.

Нашите приоритети остануваат јасни – силни партнерства, благосостојба на вработените и континуирана поддршка за заедницата.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Ѓорѓиевски оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на амбасадата на САД во Македонија