Утрински Весник
Македонија

Советот на јавни обвинители соопшти дека нема надлежност да вршат надзор во случајот на Груби

Sovet Na Javni Obviniteli.webp.webp

Советот на јавните обвинители на Македонија соопшти дека во оваа фаза нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители. Истакнаа дека таа улога припаѓа на повисокото јавно обвинителство.

Од Советот појаснуваат дека, согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, надзорот над законитоста во работата на јавните обвинители го врши повисокото јавно обвинителство, а не Советот на јавни обвинители. Во соопштението се нагласува дека институцијата во моменталната фаза нема законска основа да постапува во однос на надзорната постапка.


Министерот за правда Филков претходно побара одговорност од сите инволвирани во одредувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, истакнувајќи дека мора јасно да се утврди дали имало пропусти. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да одржат седници и да утврдат дали постои основ за одговорност кај судијата и обвинителот.

Филков побара и појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на надлежното обвинителство Анел Фидоски, како и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен за криминал тежок осум милиони евра поврзан со набавка на ВЛТ-апарати во „Државната лотарија“, на почетокот на неделата беше уапсен на граничниот премин Блаце. По апсењето, судија на претходна постапка му одреди мерка 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор.

Можете да прочитате

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Затворена обиколницата на Битола поради свлечиште

Николова до Јаневска: Ја рушите уставната автономија на универзитетите